Нашата фабрика располага со најсофистицирана опрема за производство и обработка на овошје и зеленчук. Целиот процес започнува со темелно чистење и миење на суровината, кое се одвива во четири фази, по што следува финална контрола на свежите зеленчуци. Полнењето се одвива автоматски, со можност за корекција на секоја тегла и прецизно дозирање на растворот. Затворањето е исто така автоматизирано и вклучува вакуум контрола, како и пастеризација за дополнителна безбедност и стабилност на производот. На крајот, теглите се редат и подготвуваат за складирање преку комплетно автоматизиран систем.
Во нашиот процес клучна улога има и водата. Благодарение на сопствената станица за прочистување, водата се обработува механички, хемиски и микробиолошки, со што се обезбедува исклучителен квалитет. Таа е тајната што овозможува нашите производи да ја задржат максималната крцкавост, природната боја и изглед, како и подолгиот рок на траење без компромис во свежината.
Системот за пастеризација е дизајниран да ги уништи микробиолошките организми, а притоа да ја зачува свежината и бојата на зеленчукот. Она што нè прави посебни е фактот што целиот процес се одвива исклучиво на електрична енергија, произведена од сопствената фотоволтаична електрана поставена на целиот покрив на фабриката. Со тоа, ние сме фабрика што работи целосно без фосилни горива.
Нашата единствена и препознатлива карактеристика е печењето на пиперките во електрични печки, наместо на отворен пламен. Со оваа постапка се постигнува беспрекорно печење на целата површина, без појава на непријатен мирис и без создавање штетни материи кои настануваат при печење на гасен оган. Маслото при тоа не оксидира, што го прави ајварот полесен за варење, без негативни последици по здравјето. Тој не претставува „празни калории“, туку вистинска здрава храна со нутритивна вредност.
По завршувањето на печењето и подготовката, ајварот се пренесува низ затворен систем до најсофистицираниот италијански дозатор од овој тип на пазарот. Таму се мери и полни во тегли со прецизна тежина, автоматски се затвора со капак, се проверува вакуумот за целосна сигурност на затворањето, се пастеризира и на крајот автоматски се палетизира и пренесува во магацин за складирање.
Покрај современите машини и техничка опрема, имаме и високо квалификуван тим за поставување, управување и имплементација на сите овие технолошки процеси, како и за контрола на квалитетот на производите. Тие се гаранцијата дека секоја тегла што излегува од нашата фабрика има врвен квалитет.